Јанушев од Виница: Нула проценти данок за младите до 29 години


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Третата изборната единица од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска беше во посета на општина Виница оствари средба со младите од овој град.

-По посетата на Зрновце продолжуваме со посета на Виница. Само што завршивме со посета на најмладите, како што можете да видите поддршката во огромен број ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и обновата што доаѓа. Она што успеавме да порачаме на Заев, Љупчо Николовски и останатите од Социјалдемократскиот сојуз се дека сте прочитана книга. Веќе сите знаат дека заминувате секој еден граѓанин на Република Македонија застанува и се исправува за Македонија и за Обновата, истакна Јанушев.

Тој порача дека младите треба да останат во државата и тука да ја градат својата иднина, а не да одат во странство.

-За тоа мора државата да се погрижи, да обезбеди подобри услови. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова” ветува зголемување на платата од 25 проценти и нула проценти данок за младите до 29 години. Земјоделците ќе добијат 640 милиони евра субвенции за четири години, но тие ќе мора да бидат исплаќани на време, рече Јанушев, кој ги повика жителите на Виница на 15 јули да излезат на гласање.

Виница, 5 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Ангеловска: Барајте и скенирајте фискални сметки, добивате поврат на ДДВ и се борите против сивата економија

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. Барајте ги …