Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари


Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на животниот стандард на граѓаните, повисока стапка на економски раст, креирање на нови високо платени работни места, зголемување на платите и стандардот на работниците, пораст на домашните и странски инвестиции, но и зголемување на извозот, рече носителот на листа во Изборна единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев за време на посетата на текстилната фабрика „Витекс” во Делчево.

Јанушев посочи дека со проектот Обнова на Македонија се обврзуваат на системска, аналитичка, институционална, финансиска и логистичка и друг тип на државна поддршка за македонските извозни компании и нивна промоција за настап на странски пазари, како и формирање на таканаречени извозни промотори за поддршка на извозот на домашните компании и производи на нови пазара низ светот.

-Ја посетивме текстилната фабрика „Витекс” во Делчево. Текстилната индустрија е водечка во овој регион. Затоа во програмата се обврзавме на реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на оваа гранка, кои ќе потпомогнат во модернизација и подобрување на извозните перформанси, истакна носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Јанушев.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули следната година

Калифорнија, 7 август 2020 (МИА) – Компанијата Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат …