Јанушев: Велат дека ќе ја донеле Европа во Македонија, а нема ниту датум за преговори со Европската Унија


Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев јасно дека не се согласува со политиките на владата на Заев. Тој повика во Недела во Кичево да излеземе и заеднички сложно и обединето да кажеме НЕ на Заев, НЕ за договорот со Грција.

„Говорат за Европската Унија, а сиромаштијата расте. Велат дека ќе обезбеделе иднина, а економскиот раст се движи околу нулата, со капитални инвестиции на очајни 21% за цели 6 месеци. Велат дека младите ќе добиеле шанса, а образованието ни девастира, со универзитети кои ги нема ниту во втората половина на 1000 на Шангајската листа. Велат дека ќе обезбеделе правда, а земјава е прогласена за најкорумпирана во Европа. Велат дека ќе имало компетитивно здравство, а земјава само ги брои смртните случаи. Велат дека ќе ја донеле Европа во Македонија, а нема ниту датум за преговори со Европската Унија.

Велат, ветуваат, но не исполнуваат.

Зборуваат за Европа, за да не зборуваат за договорот со Грција кој е на маса и за кој треба граѓаните да одлучат.

Промената на името, на идентитетот, на јазикот, на комисијата за ревидирање на македонската култура, историјата и археологијата … е за ова што навистина го имаме на маса пред нас, нема да чуете ништо од власта. Затоа што од власта кога ќе ви кажат ДА, не ви кажуваат дека тоа е ДА за Северна Македонија и променет идентитет и устав.

Затоа што добро знаете дека НЕ за договорот значи ДА за Македонија и нејзината остварлива иднина.Ова мора да престане, а одговорот е токму во граѓаните. Македонија нема време за губење, затоа што секој човек и секој живот вреди.

Ве повикувам во Недела (2 Септември) во 13:00 часот во Кичево (кружниот тек пред Автобуската станица) да излеземе и заеднички сложно и обединето да кажеме НЕ на Заев, НЕ за договорот со Грција, што ќе значи ДА за Македонија! За Република Македонија онаква каква што ја заслужуваме и посакуваме.

Македонија ќе победи“, напиша Јанушев на Facebook.


Видете следно

Еве што порача Али Ахмети по лидерската средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави …