Јапонија е во рецесија


Јапонија неочекувано влезе во рецесија, откако забележа пад на бруто домашниот производ за периодот јули-септември за 1,6% на годишна основа, соопштува Bloomberg. Ова е втор последователен квартал со негативни резултати за економијата.

Податоците покажуваат намалување од 3% во однос на третото тримесечје од 2013 година – втор период по ред. Според овој показател ова е петта рецесија за Јапонија во изминатата деценија. Номиналниот БДП, кој е од огромно значење за даночните приходи, е на ниво од околу 8% под максималната вредност во 1997 година.

„Зголемувањето на данокот на продажба во април целосно ја уништи јапонската економија и ниту еден дел од неа не покажува охрабрувачки сигнали. Денешните податоци претставуваат тешка лекција за јапонските политичари”, коментираше Јошики Шинке, главен економист во истражувачкиот институт Даи-ичи.

Данокот на додадена вредност беше зголемен во април од 5 на 8%. Веста најверојатно не само што ќе ги натера премиерот Шинзо Абе да се откаже од планираниот раст за октомври 2015 година, но и може да доведе до брзи предвремени избори.

Во 1997 година земјата исто влезе во рецесија по порастот на даночниот товар за корисниците. Додека извозот и потрошувачката сепак забележуваат раст во изминатиот квартал, тој е премногу кревок за да го компензира задоцнувањето во индустриското производство и станбениот сектор.

По објавувањето на податоците индексот Nikkei 225 потона за речиси 2% до 17 158 поени, а Topix со 1,1%. Јенот поевтини за прв пат под 117 за долар од октомври 2007 година.


Видете следно

Во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк на површина од 16.000 квадратни метри

На неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се …