Јапонија инвестира 1 милијарда долари во нов супер компјутер


Министерството за прашањата на образованието, културата, спортот, науката и технологијата на Јапонија ќе започне од следната финансиска година со развивање на проектот за нов супер-компјутер, кој ќе биде 100 пати побрз од компјутерот “Ка”, соопштува сајтот на јапонската телевизија NHK.

Компјутерот “Ка” е заеднички развој на научниот институт RIKEN и други лаборатории.

Проектот претставуваше врвот на постигнувањата во брзината на компјутерските пресметки при своето основање во 2011 година, пред да го отстапи местото на компјутер од САД. Застарената “Ка” е третиот најбрз компјутер во светот.

Министерството планира да инвестира во развојот на проектот околу 1 милијарда долари, колку што бил и буџетот на компјутерот “Ка”.


Видете следно

„Вашингтон пост” со поддршка за Бајден на претседателските избори

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост” денеска објави дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на …