Јапонија наметнува ограничувања на странските инвестиции во ИТ и телекомуникацискиот сектор


Јапонските високо-технолошки индустрии ќе бидат додадени на рестриктивната листа која ќе ја контролираат способноста на странците да имаат значителен удел во нив, пренесува CNBC. Промената беше објавена од страна на владата во Токио и ќе стапи на сила во август овој месец.

Ограничувањата доаѓаат во услови на притисок од страна на Соединетите Американски Држави поради сајбер безбедноста и трансферот на технологијата со Кина. Јапонската влада експлицитно не објавува ниту една компанија или држава. Промените ќе се однесуваат на информатичката технологија и телекомуникациските компании.

“Со оглед на растечката важност на сајбер безбедноста во последниве години, решивме да ги преземеме неопходните чекори за да спречиме ситуација што ќе влијае на националната безбедност на Јапонија”, се вели во соопштението на министерството.

Јапонија сака да го спречи истекувањето на технологија која е идентификувана како важна за националната безбедност. Во моментов, листата ги вклучува и воздушната индустрија, нуклеарниот сектор и производството на оружје.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …