Јапонија ризикува инфлација без економски раст


Инвеститорите се заинтересирани од понизок корпоративен даночен товар и пофлексибилен пазар на трудот, додека Абе се подготвува за следната фаза на т.н. “Трета стрела ” на “Абеномиката”. Стратегијата на Абе да постигне долгорочен раст е подложена на критики откако првичниот шок се стиши, а монетарните стимуланси го обесценија јенот и доведоа до раст на берзите.

Заменик- гувернерот на јапонската централна банка Кикуо Ивата, изјави дека економијата со ниски нивоа на реален раст во услови на умерена инфлација е можност која владата треба да ја спречи. Изјавата доаѓа во прилог на повикот на гувернерот на Bank of Japan Харухико Курода кон Владата, пишува Bloomberg.

Аналитичарите сметаат дека изјавите од страна на централната банка можат да се толкуваат како обид таа да покаже дека веќе има резултат од нејзината дејност, но за да се запре дефлацијата потребно е и извршната власт да се ангажира сериозно.

Економијата на Јапонија порасна за 5,9 % на годишна основа во првиот квартал, што е и најголем раст од 2011 година. Прогнозите, сепак, се зголемувањето на данокот на промет од 1 април да ја намали потрошувачката и економијата да се намали за 3,4 % во овој квартал.

Преструктуирањето на економијата би го помогнало зголемувањето на приходите и би го омекнал ефектот врз потрошувачите од растечките цени.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …