Јапонска компанија плаќа по 1 милион јени за добро познавање на англиски јазик


Јапонскиот мобилен оператор Softbank, кој неодамна го доби американскиот конкурент Sprint Nextel за над 20 милијарди долари, ќе ги стимулира финансиски вработените да ги подобрат своите знаења по англиски, соопштува агенцијата “Франс прес”.

Оние кои покажуваат најдобри знаења, можат да добијат по 1 милион јени (околу 11.2 илјади долари). Знаењето ќе им биде проверено преку тестот TOEIC (Test of English for International Communications).

Вработените со пониски резултати ќе земаат помали износи. Во моментов во Softbank работат 17 илјади луѓе.


Видете следно

Градоначалникот Темелковски оствари работна средба со бизнис заедницата и со претставници на спортските клубови од општина Кисела Вода

Денеска градоначалникот Филип Темелковски оствари работна средба со бизнис заедницата и со претставници на спортските …