Breaking News

Jавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“


Во Скопје денеска ќе се одржи јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, која ги интегрира сите достапни дигитални здравствени услуги на едно место.


Веб-страницата има и посебен дел посветен на имунизацијата со што им овозможува на родителите, старателите и на јавностa пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место.


Веб платформата ја изработи „Мој Термин“ со техничка поддршка од УНИЦЕФ и со финансиска поддршка од УСАИД.

На презентацијата, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Фатмир Меџити и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.


Претседателката на Националниот комитет за имунизација д-р Александра Грозданова ќе зборува за делот за имунизација, а Елица Стојаноска, претставничка од „Мој Термин“, ќе ја презентира платформата „Е-Здравство“. мд/

Фото: Принт скрин


Скопје, 24 април 2023 (МИА)