Breaking News

Јавна трибина „Зелена мапа за зелена заедница“ во Велес


Велес, 25 јануари 2023 (МИА) – На трибина во Велес денеска беа изнесени програми и активности сегашни и идни како и заложби и барања на учениците, невладиниот сектар и претставници на невладините здруженија од една страна и од друга на политичарите и локалната власт.


На трибината не беше министерот за животна средина Насер Нуредини иако беше најавено неговото учество. Велешките средношколци побараа повеќе засадени дрвца во градот и формирање Зелен катастар каде ќе се води грижа за секое засадено дрвце со цел во иднина да се спречи сечењето дрвја низ градот. Тие побараа обнова и засадување на уште млади садници дрвца на местото на изгорената шума над велешко езеро „Младост“.


Нејзиите другари од говорницата од граѓаните бараа и намалување на користење на возилата,а поголема употреба на велосипеди и електрични тротинети, но и од локалната власт да им обезбеди безбедни пешачки патеки во и околината на Велес каде засега нема нитуи една.

Средношколката Ана Костовска потенцира дека не постои безбедно место односно безбедна патека за возење на велосипедистите и затоа јавно побара од локалната власт и плитичарите да ги исполнат дадените ветувања.


Ученикот Филип Петровски побара поефикасен и побрз јавен градски превоз, што би довело до намалување на возилата низ градските улици и намалување на аерозагадувањето. Воедно граѓаните да имаат подобар пристап до јавниот градски превоз и повеќе нови постројки низ градот, а со него да бидат опфатени и други улици.

Раководителот на Секторот урбанизам и зеленило во Општина Велес, Петре Цилаков, ги информира присутните дека општината секоја година донесува Програми за реновирање на постоечките и подигање нови зелени површини во градот.Тој информира дека лани биле подигнати пет илјади метри квадратни нови зелени површини во градот и обновени веќе постоечкие. Информира дека лани била организирана акција за пошумување на дел од изгорените површини над велешко езеро „Младост“ и биле исчистени неколку диви депонии во и околината на Велес.


Пратеникот Игор Здраковски од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека надлежните прават напори до 2025 да се направи депонија за управување со цврст отпад, а до 2027 пречистителна станица за отпадните води во реката Вардар.

Димитар Абрашев, советник од Левица, вети дека ќе се заложи по една година отсуство конечно Велес повторно да има еколошки инспектор кој редовно ќе ја следи состојбата и навреме ќе алармира за сите нарушувања.


Воедно Општина Велес освен една да има повеќе мерни станици на амбиенталниот воздух. Тој потсети дека сега има само една мерна станица поставена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која не работи постојано, и дека е недоволно. Воедно потсети дека изминативе две години и се уште има три мерни станици за амбиетален воздух, а кои се само времени и се добиени преку проект, а со нив управува ЕД „Вила Зора“,Во таа насока и локалната власт да има повеќе мерни станици за состојбата со амбиенталниот воздух во градот, со цел навреме да се алармира кога ќе се пречекори прагот на макисмално дозволената граница на најштетните параметри посебно на ПМ 10 честчките кои се многу опасни за здравјето,

-Не е во ред лани за екологија,Општина Велес да вложи 10 милиони денари, за оваа 2023 година тој износ да ги намали на 8 милиони денари, потенцира Абрашев..

Тој и порача на локалната власт што поскоро целосно да се обнови изгорената шума над велешко езеро „Младост“.

Во таа насока информира дека лани членови и симпатизери на Левица направиле три акции за пошумување над велешко езеро „Младост“ и четвртта акција наменета за сите граѓани на ридот Вршник над градот, а каде биле засадени илјада садници млади дрвца.

Воедно Абрашев како и учениците побара од општината наскоро да направи Зелен катастар.

Елизабета Митревска Анѓелеска, советник од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од говорницата им порача на граѓаните дека во насока за подобрување на животната средина,тие да го сменат начинот на живеење. Воедно за сите овие работилници да можат да дадат резултат во позитивна насока во заштитата и унапредување на животната средина во градот и во општината.

Таа псоочи дека Општина Велес веќе неколку години им дава на заинтересираните граѓани субвеници за купен велосипед и инвертер клима со која не се загадува амбиенталниот воздух.

Оваа јавна работилница ја организира Фондацијата Импакт Нет, а е дел од проектот Зелена мапа за зелена заедница финансирана од Владата на Швајцарија.

Основачот на оваа фондација и кординатор на проектот Стевче Дечев за МИА информира дека овој проект е поттик за младите нивните очекувања, коишто им се ветени од политичарите да им бидат исполнети. Посебен фокус им е програмата за животна средина на Општина Велес.

-Ние одбравме четири фокус точки: преработката на отпад, јавен градски транспорт, зеленилото и неговиот квантитет и квалитет. Едноставно сакаме да веруваме дека овие ветувања ќе најдат конкретна реализација. Воедно и дигиталните технологии и иновации коишто младите како знаења ги воведуваат, овојпат да бидат во насока на заштита на животната средина. Ветувањата политички се дадени, преку програмите на Општината и на политичките партии, за коишто веруваме дека со јавно искажани ставови посебно пред младите ќе можат во најскоро можно време да наидат и на конкретна реализација, посочи Дечев.

Тој потсети дека невладиниот сектор поддржан од граѓаните на Велес пред скоро 20 години покажа дека може да извојува еколошка револуција кога заедно се бореа против големиот загадувач – Топилницата за олово и цинк која им ја нарушуваше животната средина и здравјето.

Затоа Дечев верува дека можеме и сега да покажеме и бидиме пример за трансформативни практики, општина која се грижи за здравјето на жителите и животната средина. ад/