Јавната анкета за креирање на општинскиот Буџет во Делчево отворена до крајот на месецот


Општина Делчево преку отворена јавна анкета во соработка со граѓаните ќе ги иницира приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022 година. По тој повод од општината информираа граѓаните дека до 1 декември 2021 ќе можат директно да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

-На веб-страницата на Општина Делчево (delcevo.gov.mk) ќе биде отворена јавната анкета на која ќе можат да бидат иницирани приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022, со што директно граѓаните можат да учествуваат во креирање на Буџетот, истакнаа од Општина Делчево.


Оттаму ги информираа претседателите на месните и урбаните заедници дека најдоцна до 1 декември треба до Општина Делчево да се достават записниците од одржаните состаноци, во кои ќе бидат нотирани приоритетите во месните и урбаните заедници за решавање во 2022 година.

-Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува сите граѓани, претставници на граѓански здруженија, правни лица дека, освен преку јавната анкета, предлози во писмена форма можат да доставуваат и преку општинската е-маил адреса info@delcevo.gov.mk, додадоа од Општината.


По анализата на пристигнатите предлози, за почетокот на идниот месец е закажан и буџетски форум на кој ќе биде презентиран Предлог-буџетот за 2022 година, актуелните и планираните проекти од Општина Делчево за 2022 година, форум на кој се очекува присуство на сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладиниот сектор. вс/ев/

Делчево, 26 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

Утринските температури во цела држава под нула

Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени …