Јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред со исклучок на неколку линии


Поради верскиот празник Водици, денеска јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од претпријатието, исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.


Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.свс/са/


Скопје, 19 јануари 2022 (МИА)


Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: „Отворен Балкан” е можност три држави да споделат искуства на полето на културата

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и …