Breaking News

Job Shadowing – важна, често запоставена алатка за развој на организациските капацитети


 


Job Shadowing – или учење преку следење на работата на друго лице е вид на учење каде што едно лице ја набљудува работата на друго лице или тим на нивното работно место. Тоа може да биде, и е препознаено како важна алатка за развој на капацитети на поединци и организации од неколку причини:


Овозможува ефикасен трансфер на вештини и знаења: учењето преку следење на работата на друго лице им овозможува на учениците да се здобијат со вештини и знаења од поискусни колеги. Со набљудување и учење од поискусните колеги, учесниците можат брзо да стекнат нови вештини и знаења.

Го поддржува развојот на кариерата: учење преку следење на работата на друго лице, може да им помогне на учесниците да ги развијат своите кариери преку обезбедување изложеност на различни работни улоги, индустрии и работни средини. Со набљудување на работата на другите, учесниците можат подобро да ги разберат сопствени аспирации во кариерата и како да ги постигнат.


Го зајакнува вмрежувањето: учењето преку следење на работата на друго лице може да им помогне на учесниците да градат односи со колегите и менторите, што може да биде корисно за вмрежување и кариера. Овие мрежи можат да обезбедат пристап до ресурси и знаење кои можеби не би биле достапни преку други канали.

Со оглед на овие предности на Job Shadowing-от, Центарот за управување со знаење (ЦКМ) од Северна Македонија разви апликација КА104 и доби средства од програмата Еразмус+ за две мобилности за своите помлади и повозрасни вработени.


Д-р Андријана Богдановска од ЦКМ,  доби мобилност за да ја следи работата на г-ѓа Елке Далл во организацијата Zentrum für Soziale Innovation (Центар за социјални иновации) во Виена, Австрија. За време на мобилноста, д-р Богдановска имаше можност да научи како се подготвува успешна апликација за програмата Хоризот Европа на Европската Унија, како се раководи со проект на Хоризонт Европа и како проектите за истражување и развој се инкорпорирани во работата на истражувачки центри и организации.

Д-р Богдановска, веднаш по завршувањето на посетата организираше инфоденови за новите повици за финансирање на Хоризонт Европа под програмата за граничните земји 2022-2023.  Овие повици се извонредна можност за нашите организации зазгоемено учество во истражувачките проекти на Унијата.  Повеќе информации во следното видео. Контакт за повеќе информации во врска со Хоризонт Европа програмата на Европската Унија на info@knowledge-center.org