Јошихиде Суга е новиот јапонски премиер


Токио, 16 септември 2020 (МИА) – Јапонскиот Парламент го избра новиот претседател на владејачката Либерално-демократска партија, Јошихиде Суга, за нов премиер на државата.

Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер.

За изборот на Суга гласаа 314 пратеници од вкупно 462 во Долниот дом. Суга исто така доби поддршка и од мнозинство во Горниот дом.


Видете следно

„Доминион” бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат

Компанијата „Доминион воутинг системс” го даде на суд Руди Џулијани, личен адвокат на поранешниот претседател …