Јоци: Ти, Петре, шо правиш ? Имаш поим ? Со кој образ даваш интервјуа ? Не ти е чепнат градов


Откако Шилегов изјави дека понекогаш се чуди што работеле неговите претходници на позицијата на градски татковци, Јоци безмилосно го заплеска со конкретни факти и проекти што на многумина веднаш им паѓаат на памет, дури и без многу да помислат. Таков проект нема само зад името на Шилегов. Еве што му порача новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на скопскиот градоначалник:

Јас, пак, не можам да набројам ништо за тебе. Ти ништо, човеку, не работиш ! Чистиш коцка на кеј и градиш куќарки од исечени дрвја.
А, имаш Буџет од 90 мил.евра.
Со тоа се бавиш една година.

Почнувајќи од Пенов, Трифун, Трајановски, можам за сите да наведам, минимум, од 5 до 10 работи кои ги оставиле зад себе, а се покрупни. Онака, од прва, без да се потсетувам.

Ристо Пенов, за кој мислев, никој, нема никогаш да го надмине во неработа и мрза, остави : 1. реконструкција на Кеј ,,13 Ноември”, 2. Нови велосипедски и пешачки патеки на дел од Кејот, 3. обнова на прв дел од Градски парк, 4.обнова на Водњанска и проширување, 5. Нова меѓународна автобуска станица со поддршка од Влада, 6. обновен градски плоштад со пари од Влада 7. Обнова на плоштад Слобода 8. Реконструкција на прв дел од Првомајска 9. Фасадирање на дел од зградите во Центар..

По децентрализацијата и добивањето на поголем Буџет и надлежности.

Трифун Костовски.
1. Нова клучка на Бит пазар 2. Нова клучка кај ,,Континентал” 3. Изградба на нов булевар Словенија 4. Готов проект и студија за трамвај 5. Консолидација на ј.претпријатија кои беа во долгови, а работниците не земаа редовна плата 6. Стационар за бездомни животни 7. Обнова на делот кај Тутунски комбинат 8. Започна со обнова на голем дел од средните школи…

Коце Трајановски.
1. Две катни гаражи 2. Реконструкција, пробивање и проширување на околу 20 улици 3. Над 200 нови автобуси набавени со поддршка од Влада 3. Нови пешачки и велосипедски патеки на кеј и по населби 4. Обнова на плоштад и нов плоштад во Пајко маало 5. Гасификација на четири средни школи и фазна обнова на сите во два мандати 5. Нови паркови во Аеродром и Козле 6. Нов мост во Сарај 7. Ново средно училиште во Сарај 8. Обнова на сите автобуски станици 9. Изградба на Центарот за управување со сообраќај и воведување електронски систем за наплата во ЈСП 10. Нови кружни текови…

Ти, Петре, шо правиш ? Имаш поим ?
Со кој образ даваш интервјуа ? Не ти е чепнат градов.

Статусот е објавен на Фејсбук профилот на Јоци.


Видете следно

Еве што порача Али Ахмети по лидерската средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави …