Јованов: Ако беше една изборна единица, Левица ќе имаа не 2, туку 5 пратеници


37.000 граѓани гласале за Левица без предизборен поткуп, без ветување на вработувања, без личен интерес, без долгови за отплаќање.
Гласале оти веруваат дека треба нови луѓе да застапуваат нови идеи.
Ако беше една изборна единица, тие луѓе ќе имаа не 2, туку 5 пратеници за да ги застапуваат.
Ова е тоа што треба да го зборуваме.
Гласовите на дпмне и сдсм воопшто не изненадуваат. Дпмне не знаеше да расчисти со минатото и да заземе јасен политички став, а сдсм си направи очигледен предизборен поткуп и ги фати сонувачите за ЕУ интеграции на карта на немање друга алтернатива.
Но, и едните и другите без парите кои ги имаат и без десетиците коалициони партнери не тежат ни волку на политичкиот пазар.
Затоа, да ги гледаме овие скоро 40.000 гласови кои јасно кажаа дека е ДОСТА, кои наскоро ќе станат уште повеќе, оти само таквите гласови можат да донесат вистински промени во државава.
Ова може да биде многу скоро, многу побрзо отколку што мислиме, за многу пократко отколку цел мандат.
Направен е најтешкиот чекор – пробив во трулиот систем. Нема откажување!
Никогаш, никогаш, никогаш… нема откажување!

Facebook статус: Тамара Јованов


Видете следно

Еве колку нови случаи со Ковид 19 денес се регистрирани кај нас

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани …