Јовановска: И во услови на криза се зголемува побарувачката за работници


И во услови на криза предизвикана од КОВИД 19 продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите, истакна директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска при денешната посета на Центарот за вработување во Берово.

– Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања меѓу кои продавачи, шивачи, келнери, администратори, градежни работници, готвачи, армирачи, обезбедувачи на имот на лица и слично, истакна Јовановска.
Агенцијата продолжува да ги спроведува активните програми и мерки за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.
 – Во изминатиот период април, мај и јуни преку спроведување на мерките од Оперативниот план за 2020 година, беа потпишани договори со 3.717 правни субјекти за вработување на 3.576 невработени лица од кои 2.364 се вработувања преку Младинската гаранција, односно, вработувања на млади лица на возраст до 29 години, изјави Јовановска.
На ниво на двете општини – Берово и Пехчево, само една фирма од угостителската дејност отпуштила вработени, додека во останатите сектори, како што информираше раководителот на Центарот за вработување во Берово, Љупчо Димитровски, бројот на вработени со мерките на Владата се зголемил.

Берoво, 3 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Македонска поезија на светски поетски конкурс во Холандија

Кочани, 6 август 2020 (МИА) – Две песни на поетесата Љубинка Давидовска од Кочани годинава …