ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ И МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА


Подготвени за ефикасна соработка што ќе придонесе за размена на искуства и идеи, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф.д-р Мехмет Дурсун Ердем, денеска потпишаа Меморандум преку којшто се обврзаа на заемна помош и поддршка во областа на едукацијата и усовршувањето на кадри, како и заедничко дејствување во насока на заштитата на животната средина.

„Овој Меморандум ни отвора можности за различни видови на соработка, меѓу коишто и изведување на практична работа за студентите, како и организирање семинари, тркалезни маси и дебати за подигнување на јавната свест за правилното постапување со отпадот.“ – изјави директорот на  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …