ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти дива депонија во Скопје Север


Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија голема дива депонија лоцирана на булеварот „Босна и Херцеговина“, во непосредна близина на паркингот кај Железничката станица во скопската населба Скопје Север.


Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад. дма/са/


Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје