ЈП „Водовод и канализација”: Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе од 60 години


Скопје, 26 септември 2020 (МИА) – Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе од 60 години, покажуват резултатите од извршените анализи од хемиската лабораторија која функционира во рамки на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, информираат од јавното претпријатие.

-Врз основа на резултатите кои се добиваат, утврдено е дека граѓаните на град Скопје, повеќе од 60 години пијат технички исправна вода за пиење со висок квалитет, што всушност претставува благодет и дар од природата кој го добиваме од изворот Рашче”, истакна Билјана Петровска, раководител на хемиска лабораторија за питки води, во рамки на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Таа посочи дека на годишно ниво се изведуваат хемиски анализи на над 10.000 примероци на вода за пиење земени од над 50 места распределени долж водоснабдителниот систем на град Скопје, во должина од повеќе од 100 километри.

Хемиската лабораторија која функционира во рамки на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Сите испитувања се изведуваат во согласнот со одредените правила, норми и регулативи во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). вј/са/


Видете следно

Организирање на отстранување на отпадот е клучно за земјата

Во Македонија годишно се создаваат над 800.000 тони мешан отпад од кој на комунален отпад …