Југоисточниот регион најмногу учествува во креирањето бруто додадена вредност во земјоделството


Југоисточниот регион има најголемо учество во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството со 29,8 проценти, но и во создавањето на вредноста на растителното производство со 34,4 отсто.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, врз основа на анализите за 2019 година, втор во однос на креирањето бруто додадена вредност е Пелагонискиот регион со 22,9 отсто, додека најмало учество има Југозападниот регион со 2,8 проценти.


Во создавањето на вредноста на добиточното производство, пак, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21,4 проценти. мч/сп/

Скопје, 23 септември 2021 (МИА)



Видете следно

Одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе и јубилејот 20 години од основањето на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државна секретарка на …