Јункер: 2015-та ќе биде тешка година за Европа


2015 година ќе биде тешка за Европа, особено во сферата на економијата. Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервју за Deutsche Welle.

Според Јункер, Европа треба да се фокусира главно на реализацијата на инвестиционите програми и нивната вредност од 315 милијарди евра, како и на создавање на работни места.

Претседателот на ЕК смета дека треба да се посвети особено внимание и на балансирањето на националните буџети.
Јункер додаде уште дека и во 2015 година, Европската централна банка (ЕЦБ) ќе мора да се бори со последиците од економската криза.

Тој истакна дека кризата во Грција може да прерасне во економски хаос за ЕУ и да опфати и други земји.


Видете следно

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. …