Каде е Македонија на светската бизнис карта?


Да правиш бизнис во Македонија станува полесно. Или барем тоа го покажуваат податоците од рангирањето Doing Business 2015, изработенi од Светската банка.

Во неа Македонија е на 30-то место од 189 анализирани економии.

Иако оваа година методологијата е променета и секоја страна е со место, многу различно од минатогодишното, за олеснување авторите прават споредба и во него се гледа дека Македонија отстапува со една позиција, за разлика од лани на која бевме на 31-то место.

Сепак според аналитичарите на светската банка по последните податоци полесно е да се прави бизнис во Македонија, отколку во Чешка (44), Романија (48), Бугарија (36) Унгарија (54) и Грција (61).

Светски лидер повторно е Сингапур, следен од Нов Зеланд, Хонг Конг, Данска, Јужна Кореја, Норвешка, САД, Велика Британија и Финска. Меѓу водечките 20 има и поранешни комунистички држави како Грузија (16, веднаш по Германија) и Естонија (18).

На дното е Еритреја, а пред неа се Либија, Централна Африканска Република, Јужен Судан, Чад, Демократска Република Конго, Авганистан, Венецуела, Ангола и Хаити.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …