Каде се намалени, а каде зголемени трошоците на животот


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на цените на мало 100.4.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 12.0 %, свежото и разладеното овошје за 2.3 %, маслото и маснотиите за 1.1%, другите пекарски производи за 0.6 %, брашното и другите житарици за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, замрзнатата риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај отпадната вода за 6.2 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.9 %, течните горива за домаќинствата за 1.7 %, информатичката опрема за 1.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1.2 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, обувките за 0.8 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сувото овошје и јаткастите производи за 0.9 %, јогуртот за 0.6 %, свежата и разладената риба за 0.5 %, сушеното, соленото и чаденото месо, јајцата и цигарите за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.3 %, житата, замрзнатото овошје и другите прехранбени производи за 0.2 %.

Во јули 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 16.1 %, туристичките пакет-аранжмани за 6.5 %, услугите за сместување за 3.4 %, патниот сообраќај за 1.6 %, парамедицинските услуги, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1.5 %, велосипедите за 1.0 %, услугите за култура за 0.9 %, теписите и другите покривки за под за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, услугите за одржување на станот за 0.5 %, терапевтските помагала за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 %, ткаенините и угостителските услуги за 0.2 %. Индексот на трошоците на животот во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, забележа пораст од 1.7 %,а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.3 %.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …