Каде во светот куќите поскапеа најмногу?


Бумот на пазарот за домување на глобално ниво продолжува и во првиот квартал на 2014. Иако бурниот развој на станбениот пазар во Тајван и Филипини, изгледа по инерција се дислоцира во реонот на Тихиот Океан и послабо е изразен во Европа. Ова го покажува последното истражување на Global Property Giude.

Изданието ги рангира цените на станбените недвижности во 45 држави, при што во првите 3 месеци на 2014та, цените на куќите се зголемија во 33 земји, а останале непроменети во 1 и се намалиле во 11.

Првак во своевидниот рејтинг е Дубаи. Куќите таму поскапеле со 31.57% во последната година. Во регионот на Пацификот значително повеќе поскапување има во Нов Зеланд (+8.36%) и Австралија (8,3%). Во САД поскапувањето е со 5.41%.

Од изданието забележуваат бум на станбениот пазар во Европа. Посилно изразен е тој во Балтичките земји – Естонија, Латвија и Литванија. Позитивен развој има и во Ирска, Велика Британија, Исланд.

Како силни пазари на станбен имот во Европа Global Property Giude се посочуваат Турција, Австрија, Шведска, Германија, Чешка, Швајцарија, Бугарија, Португалија и Холандија.

Во првата петорка после Дубаи се подредуваат Естонија (+20.04%), Тајван (+11.28%), Кина (+10.04%), Филипини (+8.95%).

Заклучокот на Global Property Giude е дека глобалниот пазар на станбен имот се обновува. Пазарот продолжува да добива на интензитет. Во многу земји имотот дури може да го дефинираат како преценет. Овој тренд почнува да им пречи на властите, кои во некои земји преземаат мерки за „ладење” на пазарите, за да спречат повторување на кризата.

 



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …