Како да ги зачувате трошоците и да ја оптимизирате употребата на ресурсите – запознајте се со новите решенија од 16-ти до 18-ти април


На 16-ти април стартуваат изложбите и конференциите ЕЕ и ВЕИ (енергетска ефикасност и обновлива енергија), Save the Planet (управување и рециклирање на отпадот) и Smart Cities (паметни градови). Тие се организирани од страна на Via Expo во ИЕЦ, Софија, Бугарија.

Зашто да ги посетите изложбите?

• Ќе имате директен контакт со водечки компании од 14 земји. Тие нудат ефективни и еколошки решенија – профитабилна инвестиција за бизнисот, општините, земјоделството и домовите. Некои од нив бараат дистрибутери од Балканот.

• Дознајте за најчестите и достапни за обновливи извори. Ќе се запознаете со новини, преку кои можете да произведувате соларна, ветерна, хидро-, био- и геотермална енергија. Интерес ќе предизвикаат когенерационите решенија со примена во индустријата и во големи административни згради, хотели и др.

• Благодарение на напредните технологии, отпадот се трансформира во нови ресурси, енергија, компост. Ќе бидат презентирани иновативни решенија кои ќе бидат од корист за општините и бизнисот. Веб-базирани системи го зголемуваат процентот на искористување на отпадот, компактни машини за собирање на смет се соодветна инвестиција за општини со ограничени буџети.

• Интелигентните решенија за градби, урбана инфраструктура, образование и здравство постојано се развиваат. На изложбата Smart Cities изложувачи ќе ги презентираат решенија за автоматизација на згради и на индустриjата. Ќе видите подобрени верзии на електрични возила и Веб- решенија за мобилност. Компанија нуди партнерство на хотели, ресторани и трговски центри за изградба на инфраструктура за полнење.

Теми за конференции – Пријавете се бесплатно на www.viaexpo.com

• Инвестиционен форум за зелена енергија

• Работилница „Енергетски ефикасно реновирање на згради”

• Иновативен софтвер за димензионирање на разменувачи на топлина

• Конференција „Sofia Smart City Marketplace” ќе претстави производи, технологии и достигнувања на компании, универзитети и истражувачки институти, преку кои може да се реализира концептот за интелигентните градови.

• Нови инструменти за финансирање на проекти за управување со отпадот.

Искористете ја можноста да пронајдете нови деловни партнери и клиенти, да направите вашиот бизнис поконкурентен и ефикасно да ги искористите ресурсите.

Брошура  За повеќе информации: www.viaexpo.com


Видете следно

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од …