Како да се спасиме при грмотевици?


Секоја година во текот на летото се појавуваат грмотевици со молњи, кои предизвикуваат значителна материјална штета, а понекогаш и човечки жртви. Иако во денешно време постојат начини за заштита од оваа природна појава, за луѓето кои работат на отворено има ризик.

Што да правиме кога ќе не фати бура? Ако се наоѓате во природа за време на грмењето, потрудете се да застанете далеку од високи дрвја и осамените карпи. Ако сте на отворено, не легнувајте и не допирајте ја земјата со раце. Наведнете ја главата надолу и притиснете ги колената до градите. Со скрстени раце опфатите ги глуждовите на нозете.

Не се фаќајте и не држете метални предмети, тие привлекуваат громови. Оддалечете се од далноводот за висок напон. Чувајте се настрана од метални конструкции, огради, огради и други метални куќишта.

– Соодветни места за криење се длабоките пештери. Застанете најмалку 3 метри поназад од влезот и се потрудете се да има барем метар слободен простор од вашите страни.

Ако бурата ве изненади во река, езеро или базен веднаш излезете од водата. Во случај да сте со брод или сурфате во морето брзо тргнете кон брегот.

Кога се наоѓате во куќа или на работното место мора да го исклучите од телевизорот, кабелот од надворешната антена, компјутерот, видеорекордерите и останатите електрични апарати. Затворете ги вратите и прозорците. Држете се настрана од чешми, балконски врати, прозорци.

За време на патување со автомобил приберете ја антената на автомобилот.



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …