Како да се справиме со вишокот праски од производителите?!


На прес- конференцијата која се одржа во хотел „Мериот“, претседателот на „Сите Сити“ – Блаже Јосифовски и оперативниот менаџер на хотел „Мериот“ – Игор Јордановски, зборуваа за Праскијадата, како иновативно решение како да се справиме со вишокот праски од производителите, а воедно да им се помогне на социјално загрозените граѓани.

Праскијадата ќе се одржи во сабота, 31.08.2019, од 10 часот во Градски парк (Школка).

На „Хуманитарна Праскијада 2019“ ќе учествуваат повеќе угостителски објекти од градот, како што се „Мериот“, „Јавна соба“, „Сквиз ми“, ресторан „Амбрела“, претпријатието за прехранбени производи „Витаминка“ и училиштето за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“-Скопје.

Тие на настанот на своите штандови, на посетителите ќе им понудат свои производи приготвени од праски, како што се торта, компот, пита, колачи, салата од праска, свежо цедени сокови и уште многу други вкусни производи.

Собраните средства од овој настан ќе се искористат за дистрибуција на 20.000 оброци, онаму каде што тие се најпотребни.
За успешност на овој настан ќе се погрижат волонтерите на „Сите сити“, „Youth Can“ и училиштето „Нова“.

„Очекуваме посетеноста на настанот да биде голема, луѓето кои ќе бидат дел од настанот ќе имаат можност да дегустираат вкусна храна и да уживаат во добра музика, па овој настан во иднина се надеваме дека ќе прерасне во една убава традиција“ – изјави претседателот на „Сите сити“ – Блаже Јосифовски.

Настанот се организира со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество.



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …