Како до добри фудбалери? Искуството на ФК Шкупи


Тимот го водат напред пред сè играчите, фудбалерите се тие што ја обезбедуваат победата на теренот, а управата е таа што ги насочува играчите и ги поттикнува на добра игра. Но, важното прашање е како да се обезбедат добри фудбалери кои имаат потенцијал и материјал за успешна игра и долга фудбалска кариера.

Еден од клубовите којшто претендира целосно да ја смени фудбалската сцена е ФК Шкупи.


Во само две сезони направи голем скок на табелата и првенството го заврши како второпласиран. Моментално во клубот играат 7 интернационалци од разни лиги а истовремено се одвиваат и трансфери во друга насока. Постојано се носат нови играчи, континуирано се засилува тимот а истовремено се обезбедува и дополнителен прилив за клубот. Тоа е резултатот на работата со скаути што дојде со новото раководство и управата на клубот. Новиот сопственик на ФК Шкупи, Олгун Ајдин како искусен во ова поле работи со професионален скаутинг тим во Турција кој целосно е посветен на барање нови фудбалери. Така, новите играчи на Шкупи доаѓаат од различни национални лиги и земји, од африканскиот континент, од Костарика, од каде дојдоа многу квалитетни фудбалери. Исто така, Шкупи има играчи и од Бразил, а од турската прва лига имаше двајца играчи од Галатасарај и Башакшехир. Од трансферите во друга насока, Шкупи досега има продадено свои играчи во Белгија, Белорусија, Унгарија а најавен е и еден трансфер во Турција.

Ваквата стратегија на Шкупи се покажа како многу продуктивна и даде реален резултат што се гледа во пласманот на клубот во националната прва лига, во меѓународните натпревари, а и пласирањето за претстојните натпревари во Конференциската лига.

Професионалното водење на клубовите и менаџирање со истите е посебно важно прашање за пазар како домашниот каде изборот на добри и талентирани фудбалери варира од генерација во генерација, а притоа не се вложува доволно во новите таленти. Од Шкупи велат дека Македонија нуди огромен потенцијал на нови играчи, но условите не дозволуваат понатаму да се развиваат младите играчи. Нема соодветни терени и недостигаат услови. Затоа ФК Шкупи најави дека ќе отвори Академија за млади фудбалери, која ќе помогне во препознавање, развој и формирање на идните млади фудбалери. Целта на оваа Академија е да се создадат најдобри услови за учење, тренинг и напредување на младите таленти кои понатаму ќе го подигне фудбалот на највисоко ниво во нашата земја.


Видете следно

МОК одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да не претставува на Олимписките игри во Токио

Македонскиот олимписки комитет одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да патува на Игрите во Токио. – …