Како големите трговски центри не тераат да трошиме повеќе


50% од работите кои ги купуваме од трговскиот центар, не се во нашата листа за шопинг. Business Insider зборува со американски специјалист и открива дел од тајните на големите трговски центри, со кои тие ги привлекуваат посетителите да трошат повеќе.

Сето тоа започнува кога човекот влезе во трговскиот центар во централниот влез, наведува американскиот бизнис сајт.


Шеталиштата се организирани така што протокот на луѓе да се насочи во спротивна насока од стрелките на часовникот. Тоа има врска со фактот дека 90% од луѓето пишуваат со десна рака и уживаат кога избираат стоки, а со неа ги допираат артиклите.

Ова правило се нарекува проток (The Flow) – луѓето сме “програмирани” во повеќето случаи да го отклучуваме и заклучуваме автомобилот со левата рака и да комуницираме со стоките со десната.

Целта на организацијата на движењето во трговскиот центар е да ги натера гостите да ја опкружат целата зграда, така што многу, различни производи и облека се наоѓаат на нивниот пат. Скратен пат нема. Прво се лоцирани продавниците со скапа стока. Потоа доаѓаат оние со поевтини производи.


Видете следно

Конференција „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!”

Црвениот крст на град Скопје и Швајцарскиот Црвен крст денеска ќе одржат онлајн конференција на …