Како изгледа шведското село Сатра Брун кое целосно се продава ?! (Видео)


 

Селото датира од 1700 година кога д-р Самуел Скраг открил извор на вода во Сатра и го купил околното земјиште. Потоа изградил бунар, куќа со извори, болница, црква и станови.

Потоа, околу 1740 година, земјата и куќите ги купил владиката од градот Вастерас, кој неколку години подоцна ги оставил на универзитетот Упсала, еден од најдобрите универзитети во земјата.

Во 2002 година, универзитетот ја продаде Сатра Брун на група од 16 локални претприемачи, а селото оттогаш се води како место за бањски туризам. Од 2015 година, во селото работи фабрика за шишиња, која е вклучена во продажбата. Тоа е еден од седумте извори кои добија највисоки светски награди за чистота во Шведска.

Сатра Брун и сите имоти се регистрирани како d.o.o., што значи дека нема ограничувања за странските купувачи, вели брокерот Мартинсон, кој ја опиша архитектурата на селото како „прошетка низ времето“.

 


Видете следно

Митко Јанчев бара смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Сосема нормално е да се постави прашањето за смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време …