Извор: Supplied

Како изгледа „земниот рај“ – италијанскиот град, каде имотите се продаваат за 1 евро?!


Ако погледот на Средоземното Море, виновите лозја и сончевите плажи звучат одлично, што е со фактот дека можете да живеете на такво место само за 1 евро?

Во градот Самбука во Италија, домовите се продаваат по цена од 1 евро, пишува Independent. Целта на локалната власт е да го реши проблемот со депопулацијата во регионот.

Местото се наоѓа во јужниот дел на Сицилија и се нарекува “земен рај”, но тоа не беше доволно за да спречи многу луѓе да ги изберат големите градови. Политиката е насочена кон привлекување на жители во Самбука.

Меѓутоа, постои еден услов. И тоа е новите сопственици да инвестираат во сопственоста барем 15 000 евра. Со оваа сума, тие мора да извршат поправки за три години, бидејќи некои напуштени куќи се самоуништувачки.

                                                                          Извор: Supplied

Купувачите, исто така, мора да платат депозит од 5.000 евра, што ќе им биде вратен по завршувањето на поправката, но ова важи само за имотите кој се движи од 40 до 150 квадратни метри.

Веќе во првите неколку дена, се продадени 10 имоти.

 


Видете следно

Ременски: И не мразам никого, не дозволив да ме исфрустрираат транзиционите политичари

За Фри-Шопот и стечајците … На граничниот премин Деве Баир во Крива Паланка во меѓуграничната …