Како ќе изгледа светот по 10 години?


Извршниот претседател на компанијата Ерик Шмит и шефот на Google Ideas и поранешен советник во Стејт департментот на САД Џаред Коен, ја претставија својата визија за иднината на светот во книгата “Новата дигитална ера”.

• Виртуелни убиства на честа – идентитетот, која е највредното богатство на човекот, се почесто ќе станува објект на онлајн напади.

• Балканизација – фрагментацијата на Интернет на регионални или државно контролирани мрежи. “Во следната деценија главното прашање најверојатно ќе биде не дали едно општество има пристап до Интернет, а каква верзија ужива”, истакнуваат авторите на книгата.

• Виртуелен суверенитет и државност – групи, кои немаат сопствена држава, може да одлучат да изградат онлајн идентитет со сопствена мрежа.

• Интернет траги – она што постирате на Twitter, Facebook или други социјални мрежи, не може да биде целосно отстрането. Каков ќе e ефектот од тоа ќе зависи од политичкиот систем и нивото на државна контрола.

• Сајбер – сајбер нападите ќе се зголемат. Тактиките на сајбер војните ќе се користат како од терористи, така и од различни држави.

• Транснационални револуции – идните револуционерни движења ќе бидат повеќе наднационални. Јазикот нема да е бариера со напредни програми за преведување. Ќе бидеме сведоци на “револуционерни туристи”.


Видете следно

Учество на претседателот Пендаровски на дебата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина”

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Универзитетот ФОН учествуваше на дебата на …