Како ќе функционира Викенд без ДДВ – деновите кога многу производи ќе бидат поевтини за 18 проценти?


Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели.

Но како ќе функционира?

Според информациите на Centar.mk, за време на т.н. Викенд без ДДВ граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Неофицијално, се очекува, сето тоа да оди преку актуелната апликација МОЈ ДДВ, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат во продавниците, салоните за мебел, бутиците и тн.

Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли во т.н. викенд без ДДВ.

Целиот текст ТУКА


Видете следно

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима …