Како размислуваат богатите?


Повеќето богати луѓе во светот имаат различен однос кон парите во споредба со сите други.

До овој заклучок стигнува Стив Сиболд по серијата интервјуа кои ги прави во текот на три децении. Во својата книга “Како мислат богатите” тој ја објаснува нивната филозофија во однос на парите, информира економи.

Богатство

Богатите гледаат на парите како средство што им обезбедува мир, слобода и нови можности, а не како некакво ограничување и нужно зло.

Заштеди

Богатите бараат начин како да ги зголемат приносите, да заштедат повеќе.

Ризик

Најбогатите луѓе не се срамат да ризикуваат и губат пари, за да ги зголемат приходите во иднина.

Акција

Богатите дејствуваат. И дали успеале или не успеале, тие продолжуваат напред.

Иднина и минато

Наместо да жалат за пропуштените можности во минатото, богатите гледаат кон иднината.

Страст

Богатите ја следат својата страст. За нив работата е забава, а не обврска.

Едукација

Според нив поважно е знаењето, а не дипломите. И многу успешни примери го докажуваат тоа.

Удобност

Богатите веруваат дека нема невозможни нешта и не се срамат да се впуштаат во нови предизвици. Тие се свесни дека комфорот не води кон прогрес.

Емоции

Богатите се свесни дека човечките емоции ги движат пазарите.

Оптимизам

Богатите се стремат да бидат опкружени со оптимисти. Во нивната околина нема место за негативизам.

 


Видете следно

Производите со несогорлив тутун можат да бидат едно од решенијата за денталните проблеми предизвикани од пушењето

Чадот од цигарите е одговорен за многу болести и промени на забите и усната празнина, …