Каков промет се оствари денес на берзата во Македонија


На 01.09.2014 година на Македонската берза е остварен промет од редовното тргување од 8.566.139,78 денари (139.293,39 евра) од кои 8.555.139,78 денари се остварени на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во вредност од 11.000,00 денари.

Официјалниот пазар учествува со 99,87% во остварениот промет, додека Редовниот пазар учествува во остварениот промет со 0,12%.
Прометот од редовното тргување со акции на дневно ниво бележи зголемување од 161,51% во споредба со претходниот трговски ден.

Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Реплек Скопје со промет од 2.674.500,00 денари.

На Официјалниот пазар најголем пораст на 01.09.2014 година забележаа акциите на Бетон Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 3,03%.


Видете следно

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a …