Каква е водата за пиење во Скопје според последните анализи?!


Скопје, 24 август 2020 (МИА) – Испитувањата на водата за пиење во град Скопје, покажаа дека скопјани пијат безбедна и квалитетна вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, за период од 17 до 21 август, направени на 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје, покажале дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП Водовод и Канализација истакнуваат дека Секторот за санитарна контрола, е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.


Видете следно

Еве колку нови случаи на Ковид 19 денеска се регистрирани кај нас

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …