Какво ќе биде времето денеска?


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.


УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Скопје, 9 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

МОК одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да не претставува на Олимписките игри во Токио

Македонскиот олимписки комитет одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да патува на Игрите во Токио. – …