Какво време не очекува денес


Времето денес ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде повремено со засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени Целзиусови.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време, а дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината. Веќе од четврток се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Температурата ќе биде во опаѓање.


Видете следно

Водич за негување на нервниот систем- Совет број 3: Вежбајте ментална гимнастика

Кога целиот свет е фокусиран на една состојба, најдобриот лек секогаш е дефокусот од истата. …