Какво време не очекува денеска?!


Времето претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=7


Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Потоа во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.


Скопје, 18 мај 2022 (МИА)


Видете следно

163 санкционирани возачи во Скопје, 72 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли …