Какво време не очекува од денес


Па така во текот на денешниот ден (понеделник) особено околу пладне и попладне се очекува поголем дел од територијата на Македонија да биде зафатена од нова влажна и нестабипна воздушна маса. Па токму сето ова на повеќе места се очекува развој на нестабипна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално поради загреаната атмосфера која е исполнета со влага и спарина повторно очекуваме и БУРНИ атмосферски процеси кои би биле застапени и во форма на НЕВРЕМЕ со силен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Се очекува да се истури и значителна количина на воден талог за краток временски период. Па поради сето ова ги советуваме граѓаните континуирано и будно со свое око да ја следат атмосферата или небото и да не се изложувате да седите на отворен простор како и под осамени дрвја. Простор за паника нема, но сепак оставаме простор за крајна претпазливост бидејќи природата знае да спреми и неочекувани метеоролошки изненадувања.

До четврток ќе имаме речиси доста нестабипна атмосфера над Македонија, што значи и натаму стојат условите за локално НЕВРЕМЕ. Особено НЕСТАБИЛНИТЕ процеси ќе бидат застапени во периодот околу пладне, попладне и во вечерните часови.

Подготви: Denis Muhovic


Видете следно

„Моја бесмртна љубов“ – нова концертна сезона на Филхармонија

Новата концертна сезона (2019-2020) на Филхармонија е насловена „Моја бесмртна љубов“. И оваа концертна сезона …