Kapsch TrafficCom во Бугарија го испорача првиот систем за електронска вињета во ЕУ пред предвидениот рок


Конзорциумот Kapsch Traffic Solutions, испорача целосно функционален систем на е-вињета на национално ниво во Бугарија. Системот беше вклучен и предаден два месеци пред предвидениот рок, на 17 декември 2018 година. Целосното докажување на ефикасноста на системот беше потпишано во мај 2019 година, а бугарските власти го прифатија без приговори.

Додека патуваат во Бугарија, сите возачи на патот сега можат да купат е-вињети преку мобилната апликација, веб-страницата или терминалите за самопослужување на бензинските пумпи, без потреба од гребење на старите налепници и поставување нови на шофершајбната на нивното возило.

Надлежните за патиштата во Бугарија кон крајот на 2017 година го доделија договорот за имплементација на националниот систем за патарина во Бугарија за камиони над 3,5 тони на конзорциумот Kapsch Traffic Solutions. Договорот, исто така, се однесува на воведување  електронска вињета за патнички автомобили. Проектот ќе трае 19 месеци и ќе се состои од испорака и поставување на 500 терминали за самопослужување за регистрирање и издавање електронски вињети, 100 возила за спроведување, 100 објекти за мерење на движењето и 100 патарини, како и центарот за податоци и службени простории.

Конзорциумот Kapsch Traffic Solutions ја финализираше првата фаза од проектите со испорака на оперативниот систем за е-вињета на национално ниво. Компанијата ги испорача сите контролни возила, централниот компјутерски систем за е-вињета и оперативните центри за податоци, онлајн продавницата, 500 SST и мобилната апликација, подготвени за лансирање на 17 декември 2018 година, пред предвидениот рок.

Цената за користење на националната патна мрежа, која опфаќа повеќе од 16 000 км, останува иста за корисниците. Системот е флексибилен и им овозможува на властите да воведат нови производи – вињети, со само неколку кликнувања, без дополнителни трошоци. Локалните власти ја искористија оваа можност и воведоа Викенд вињета за оние кои патуваат поретко, којашто сега е достапна исто како и годишните, кварталните, месечните и неделните е-вињети кои веќе се популарни на пазарот.

Од 1 јануари 2019 сите корисници на патиштата мора да имаат регистрирана е-вињета за да може да ги користат патиштата низ Бугарија.

Бугарија е шестата европска држава во којашто на Kapsch им беше доделена одговорноста за имплементација на националниот систем за наплата на патарини, по Австрија, Швајцарија, Полска, Чешка и Белорусија, и претставува првата држава во ЕУ каде Kapsch имплементира систем за е-вињети.

Kapsch TrafficCom е снабдувач на интелигентни транспортни системи во областа на наплатата, управувањето со сообраќајот, паметната урбана мобилност, безбедноста во сообраќајот и безбедноста и поврзаните возила. Како снабдувач на целокупни решенија, Kapsch TrafficCom нуди услуги кои го опфаќаат целиот синџир на вредности на своите корисници, од компоненти и дизајн до имплементација и работење на системите. Решенијата за мобилност обезбедени од Kapsch TrafficCom помагаат да се направи сигурен, поефикасен и удобен патен сообраќај во урбаните области и на автопатите, истовремено помагајќи да се намали загадувањето.

Kapsch TrafficCom е меѓународно реномиран снабдувач на интелигентни транспортни системи, благодарение на многуте проекти што ги донесе за успешно реализирање во повеќе од 50 земји низ целиот свет. Семејната компанија е со седиште во Виена, Австрија, а во 2017 година прослави 125 години успешно развивање и имплементирање нови технологии во корист на своите клиенти. Како дел од Kapsch Group, Kapsch TrafficCom има подружници и филијали во повеќе од 30 земји. Компанијата е наведена на премиер пазарот на Виенската берза од 2007 година (со симбол: КТКГ). Kapsch TrafficCom во моментов има повеќе од 4.800 вработени и оствари приход од околу 648 милиони евра во фискалната година 2016/17.

За повеќе информации, ве молиме посетете не на: www.kapsch.net и www.kapschtraffic.com.

Следете не на Twitter: twitter.com/kapschnet.

 


Видете следно

Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос …