Казахстан следниот викенд воведува дводневен карантин во пет града


Казахстан следниот викенд ќе воведе дводневен карантин во северниот град Костанај и уште четири помали градови, поради драстичното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус, јавија денеска казахстанските медиуми.

Со одлуката за дводневен карантин на граѓаните ќе им биде забрането на 27 и 28 јуни да ги напуштат своите домови, освен доколу одат на работа или имаат итни случаи.

Откако кон средината на мај се укина карантинот низ целата земја бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за четири пати.

Минатиот викенд во земјата привремено беа затворени трговските центри, маркетите, парковите и јавниот превоз.

Астана, 22 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега …