Ќе има продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово


Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен празничен викенд, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро ќе има во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава во изминатите денови. Само во последното дененоќие се регистрирани 101 нов случај со Ковид-19, од кои најголемиот дел се од Скопје – 59. Заразени има и во Куманово-12, Штип-седум, Струга – шест, Тетово – пет, во Гостивар и Кочани има по три случаи, Пробиштип – два, а по еден случај во Прилеп, Велес, Охрид и Кавадарци.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) –


Видете следно

Митко Јанчев бара смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Сосема нормално е да се постави прашањето за смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време …