Ќе се формира нов совет за заштита на потрошувачите, одлучи Владата


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за формирање нов совет за заштита на потрошувачите и донесе Решение за именување членови на советот за заштита на потрошувачите.

-Советот во основа има за цел да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите, ја следи реализацијата на Програмата за заштита на потрошувачите и предлага на Владата на Република Северна  Македонија мерки за нејзино остварување, наведува владината прес-служба во соопштение.мч/лв/

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) 


Видете следно

ССМ: Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето за родовиот јаз во платите

Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз при исплата на …