Кежаровски со порака до Јанакиески: Вие големците, сите до еден, од тоа време, молчевте на многу неправди ама јас …


Томислав Кежаровски новинарот кој одлежа затворска казна за новинарски текст од 2008 година со кој наводно го открил идентитетот на заштитен сведок во случајот „Ореше“, изразува големо жалење за тоа што им се случува на фамилијата Јанакиески.

„Не се слагав со Вас за многу нешта, а искрено и не Ви верував. Речиси ништо. На пример, не се слагав со “големата политика” што ја водеше Владата во која бевте министер, признавам дека баш ништо не му верував на “реформаторот” кој ни даваше превртена слика како во огледало и кој фрлаше сосем поинакво светло, а обичните луѓе ги ставаше во десети план… не верував ништо ниту за “Скопје 2014”…
Не верував господине Јанакиески во тоа што го правите и како го правите зошто ги познавав тие што беа во врвот.
Но, морам да истакнам дека за едно Ви верувам… И се колнам дека многу, многу Ви верувам…
Ви верувам кога велите дека тоа таму каде што моментно сте не е живот.
Тоа таму пријателе знам од лично искуство е под секое човечко достоинство.
Мене лично, не навлегувајќи во тоа дали сте сториле нешто или не, и дали ако нешто сте сториле тоа било ваша желба или само слепо сте ги почитувале наредбите на тие што биле погоре од вас во политичката хиерархија, на кои за жал многу им верувавте, Вашето одење таму не ми значи ама баш ништо.
Ниту Вашето ниту на било кого.
Без оглед на сета болка што ја чувствувам сите овие години
Вие големците, сите до еден, од тоа време, молчевте на многу неправди ама јас, не јас, туку ние, обичните луге, ја осудуваме секоја неправда, го осудуваме секое насилство и зло.
Со чисто срце сакам да кажам дека изразувам големо жалење за се што Вам И на Вашето семејство Ви се случува“, пишува Кежаровски.


Видете следно

Денеска се одржа годишната Конференција – „Зајакнување на заедниците: нов моментум за децентрализацијата“

Денеска се одржа годишната Конференција на децентрализацијата и локалната власт – „Зајакнување на заедниците: нов …