KIA прави фабрика во Мексико за $ 2,5 милијарди


Јужнокорејската KIA Motors започна изградба на фабрика во Мексико за 2,5 милијарди долари. Директната инвестиција на KIA ќе сочинува над 1 милијарда долари, а уште 1,5 милијарди долари ќе бидат генерирани преку снабдувачите за новата фабрика, соопшти претседателот на Мексико Енрике Пена Нието.

Фабриката во државата Нуево Леон, која треба да биде пуштена во употреба во првата половина на 2016 година, ќе произведува 300 000 возила годишно, изјави генералниот директор на KIA Motors Хион-Ки Ли.

Според зборовите на мексиканскиот министер за економија Илдефонсо Гуахардо откако новата фабрика проработи, Мексико ќе го зголеми за 13% обемот на своето автопроизводство и ќе го заземе четвртото место во светот меѓу извозниците на автомобили.

Првично, Kia ќе ги произведува моделите Forte и Rio во новата фабрика, а потоа ќе премине и кон Sportage, соопштува Ројтерс. Освен тоа ќе и помогне на компанијата да одговара побрзо на зголемената побарувачка во Северна и Јужна Америка.

Во моментов, во Мексико се составуваат американски автомобили (Chrysler, Ford, General Motors), јапонски (Nissan, Honda, Toyota), а исто така и германски (Volkswagen). Партицијата на автомобилската индустрија во мексиканската економија сочинува 20% од бруто домашниот производ на земјата.


Видете следно

Богојески на граѓанската трибина: Компромисот со криминалот не носи далеку од ЕУ

Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на изборна листа за пратеници за ИЕ1 …