Киев преговара со Москва за заем од 15 милијарди долари


Украина преговара со Русија за заем во износ од 15 милијарди долари, соопштува ИТАР- ТАСС. Прашањето ќе биде дискутирано меѓу претседателите Владимир Путин и Виктор Јанукович за време на денешната средба, на која ќе биде разгледана и темата за цената на рускиот гас за Украина. Се очекува една третина од заемот, Киев да го добие уште пред крајот на 2013.

Претходно советникот на рускиот претседател Андреј Белоусов потврди во давањето помош за Украина, бидејќи без него таа “не може да ја поддржува економската стабилност”.
Минатата недела Украина побара 20 милијарди долари од ЕУ, за да продолжи работата по договорот за асоцијација. Брисел ја отфрли ваквата можност, и дури ги замрзна преговорите со Киев.

Вчера еврокомесарот Кетрин Ештон, сепак не ја исклучи можноста Унијата да додели средства на Киев против гаранција дека земјата ќе го потпише договорот.



Видете следно

СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон …