Ким не им простува на заболените со коронавирус: Севернокорејски службеник егзекутиран за кршење на карантинот! (ВИДЕО)


Еден севернокорејски службеник е егзекутиран затоа што одел во јавна бања додека бил ставен во карантин за коронавирус.

Трговскиот службеник е уапсен и егзекутиран веднаш откако ризикувал ширење на смртоносната болест, јавуваат јужнокорејските медиуми. Извори велат дека службеникот бил ставен во изолација откако патувал во Кина со лидерот на земјата Ким Јонг Ун.

Северна Кореја сè уште не потврдила никакви случаи на вирус, но презела драстични мерки за да го спречи ширењето на целата нејзина граница од 1400 километри со Кина. Северна Кореја наметна безусловен карантин на секој кој неодамна бил во соседна земја или бил во контакт со Кинезите.

За друг службеник се вели дека бил протеран во севернокорејска фарма, откако се обидел да ги прикрие своите патувања во Кина, каде се појавил коронавирус. Тој, наводно, бил член на Националната агенција за безбедност. ООН и СЗО ги доведоа во прашање тврдењата дека никој не е заразен со вирус, кој се шири во најмалку 25 земји во светот.

Соочен со глобалната закана од епидемијата, Пјонгјанг вчера објави дека карантинот е продолжен на 30 дена, што е подолго од 14-дневниот период што го препорачуваат експертите.


Видете следно

РКЕ и Електродистрибуција: потрошувачите што ги исполнуваат условите да изберат снабдувач на електрична енергија до 31 март

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија се одвива успешно, до сега вкупно 3 718 потрошувачи …