Минатата година обемот на продажбата на мало на интернет изнесувало 1,32 трилиони јуани (210,39 милијарди долари), што е раст од 64,7% во однос на 2011 година.
Ова го соопшти денеска шефот на Интернет здружението на Кина Лу Веи. Едноставниот шопинг преку интернет помага во растењето на овој сегмент од пазарот.
Минатата година купувања преку интернет претставувале 6,3 отсто од сите продажби на мало во Кина, истакна тој. Голем дел од онлајн трансакциите во Кина се изведуваат со користење на интернет платформа, која е посредник.
За 2012 година бројот на малите и средни претпријатија, кои се обратиле за производи или услуги, надминале 17 милиони, истакна Лу Веи.